Омиленото собиралиште на скопјани - семејни излети, кафеана крај базенот во Сарај (видео)

Од местото кое на времето беше собиралиште на скопјани за време на летните горештини, едно од неколкуте каде се одеше на семејни излети и каде навечер се излегуваше во кафеаната крај базенот, сега нема ништо.

Останати се само пријатни спомени кај постарите граѓани.

Сега сликата околу базенот и неговите некогашни придружни објекти е морничава. Останата е руина, која не само што е грда за гледање, туку и опасна за секој што ќе влезе таму.