Омилени меѓу скопјанките...Нов тренд низ градските улици (фото)

Неодмана на социјалните мрежи излезе една интересна шега поврзана со новиот тренд: Пронајдена во центарот на градот, без каиш, уплашена и мирна, се бара сопствникот.

Новиот летен тренд низ скопските улици ги собра сите погледи, на некои им се шик, додека другите зачудено се прашуваат дали девојките на своите нозе носат крзно од својот миленик или плишано мече?

Овие крзнени папучи за разлика од другите модни додатоци кои траат само една сезона, веќе втора година по ред е хит меѓу девојките.

Сите оние кои ја форсираат оваа мода сугерираат да се носат со фармерки, фустан или тренерки, но и тоа дека овие папучи се попрактични од балетанките.

Шегата настрана, овие папучи се омилени меѓу скопјанките.