Омилена храна полна со канцерогени состојки

Хемикалија пронајдена во чипс, кафе, помфрит,  тост, крекери, па дури и во некои видови на  храна за бебиња е канцерогена, потврди Европската агенција за безбедност на храната (EFSA).

Оваа опасна хемикалија настанува во процесот на печење, пржење и фарбање а името и е акраламид.

Европските здравствени експерти се свесни за ризиците од консумирањето на оваа хемијалија па побарале дополнителна проверка за опасноста. Резултатите од истражувањето ги потврдило нивните сомневања:

-акриламид во храната потенцијално го зголемува ризикот од развој на рак кај сите возрасти на потрошувачи. Ова откритие било потврдено по тестирањето врз животни.

– Акриламид е даден орално и се апсорбира преку гастроинтестиналниот тракт во сите органи, и се метаболизира. Овој процес доведува до формирање на глицидамид кој  предизвикува генетски мутации и тумори.