Омикрон пристигна и во Шведска и Шпанија

Омикрон варијантата пристигна во Европа пред неколку дена, а нови случаи се забележани и во Шведска и Шпанија. 

Во Шпанија, вирусот го донесе патник кој пристигнал од Јужна Африка. Неговиот наод веднаш бил секвенциониран во лабораторија, за да се потврди за кој точно сој се работи. 

Ист е случајот и во Шведска, каде заразен патник пристигнал од Јужна Африка. 

Се конролираат нивните контакти, за да може да се минимизираат шансите за создавање кластери.