Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ во „Дејли Клик“ на ТВ21 зборуваше за квалитетот на играчите кои доаѓаат во Македонија, како и за фактот дека нашите фудбалери не се доволно ценети во македонските клубови, а кога ќе одат надвор потоа прават одлични кариери. Како примери ги посочи Миовски и Трапановски.
„Кај нас се се цени, само успех не. Погледнете го Миовски. Дали добиваше шанса кај нас, а стигна да игра во Лигата на шампионите. Или Трапановски. Не играше во Шкупи, а сега во Данди Јунајтед е еден од најдобрите. И има многу такви. А, во нашето првенство се носат играчи со сомнителни квалитети. Ди-џеи доаѓаат и ги претставуваме како одлични засилувања“, рече Омерагиќ.