
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин денеска е во посета на Македонија.
На социјалните мрежи веста ја сподели и претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ кој истакна дека се домаќини на претседателот на УЕФА, Чеферин.
„Посетата е потврда за силната соработка и поддршката што ја имаме од УЕФА. Ќе разговаравме за конкретни чекори, од инфраструктура до развој на младите категории“, истакна Омерагиќ во објавата на Фејсбук.
Тој додаде дека ќе продолжат со работа и јасна визија за напредок на македонскиот фудбал.