
Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) денеска официјално го промовираше Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација.
„Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпревар”, истакна Седлоски, кој исто така додаде дека сака да гледа тим кој не се откажува и кој стои цврсто до последната минута.
Новиот селектор рече дека верува во квалитетот на фудбалерите, како и во нивната желба да го носат македонскиот дрес.
Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во објавата што ја сподели на социјалните мрежи посочи дека барале човек со „фајтерски“ карактер и дека го добиле во Седлоски, за кого рече дека бил таков и на терен.
„Го знам како карактер, како човек и мислам дека е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата. Се работи за човек што многу дал на македонскиот фудбалот како играч и сега како тренер”, нагласи Омерагиќ.