Олимпијада на Бутелски сезнајковци - осум училишта се натпреваруваа во повеќе игри

Денес во организација на Општина Бутел се организираше Олимпијада на Бутелски Сезнајковци на кои учествуваа најдобрите ученици од осум општински училишта.

Низ вкупно четири игри, квиз на знаење, асоцијации, буква по буква и игра на спретност, многу забава и дружење, беа избрани најдобрите од најдобрите ученици кои ги претставуваа своите основни училишта.

Златниот медал им припадна на учениците од училиштето „Ацо Шопов“. Со сребро се закитија учениците од училиштето „Гоце Делчев“, додека учениците од училиштето „Живко Брајковски“ освоија бронзен медал.

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски им честиташе на сите учесници на овој квиз, а воедно и упати благодарност до општествено одговорните компании кои ги наградија сите денешни учесници.

„Општина Бутел континуирано вложува во унапредување на образовниот процес. Инвестирањето во квалитетно образование е влог во иднината“, порача Костовски.