Октомври - месецот на бои и мирис на костени

Октомври или листопад е деветтиот месец од годината и еден од седумте месеци што имаат 31 ден.

Есента веќе е пристигната, лисјата почнуваат да ја добиваат препознатливата жолтеникава боја, а на што друго може да не асоцира октомври, ако не на топол дом, пријатна атмосфера, време поминато со семејството и пријателите, гледање филмови и неверојатни бои во природата.

Октомври потсетува на мирисот на печените костени и отворање на есенската сезона на задоволства. Греаното вино совршено ја надополнува комбинацијата од костени, есенски бои и звукот на дождот кој смирува. 

Прошетките во октомври се најпосебни - топла облека и чекорење врз паднатите лисја кои не потсетуваат дека во ред е да се направи пауза од се, за да се роди нова сила која повторно ќе се обнови, како и лисјата на дрвјата на пролет. 

Започнете го октомври со убави мисли!