Околу Зелено пазарче состојбата со паркирањето доведена во ред

Од ПОЦ денеска информираат дека се задоволни од новонастанатата состојба по промената на цената за паркирање околу Зелен Пазар во центарот на Скопје. 

- Еве како изгледа пазарот во еден обичен работен ден, промената на цената не влијае врз извршувањето на секојдневните обврски на граѓаните кои редовно го посетуваат пазарот. Пазарџиите со протести и блокирање улици ги штитат своите интереси, а не интересите на граѓаните и воедно како што може да забележите на фотографиите секојдневно создаваат хаос од товарните возила кои тие ги внесуваат со злоупотреби - изјавија од ПОЦ објавувајќи фотографии од моменталната состојба пред пазарчето.