Околу 4.000 лица заинтересирани да бидат попишувачи, објавена и висината на надоместот

Околу 4.000 кандидати пројавиле интерес за попишувачи и реонски инструктори, а на веб-страницата за Попис 2021 се објавени и детални информации за паричниот надомест на попишувачите. 

Повикот за пријавување на заинтересирани попишувачи и понатаму е активен на истата веб-локација. На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.

Исто така, Државниот завод за статистика ја објави и висината на хонорарите според следниве критериуми:

Надоместокот за попишувачите за правилно внесени податоци во електронскиот прашалник се утврдува да изнесува:

  • за попишувач паушален износ од  4.000,00 денари;
  • за секое попишано лице  по 30,00 денари
  • за секој попишан стан по 20,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство по 50,00 денари
  • за лице определено за резерва паушал од 5000,00 денари.
  • за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700,00 денари дневно.

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува:      

  • за реонски инструктор  паушален износ од  5. 000,00 денари;
  • за секоe попишано лице од попишувачот  по 3,00 денари;
  • за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари;
  • за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денари.