Околу 40 граѓани денеска даруваа крв во Аеродром

Денеска во просториите на Општина Аеродром беше спроведена крводарителска акција во соработка со Црвен крст на Република Македонија.

Кон акцијата се приклучија околу 40 граѓани, од кои дел се вработени во Општината, како и многу хумани граѓани.

Општина Аеродром ги поддржува ваквите акции на хуманите луѓе и крводарители во дарување крв и спасување нечиј живот.