Околу 250 деца во Македонија живеат без семејства

Околу 250 деца во Македонија, од кои 70 се на возраст под три години, го немаат правото да живеат во семејна средина, покажуваат податоците на УНИЦЕФ.

Со цел да се изнајдат начини за обезбедување услови за секое дете во земјата да расте во безбедна и грижлива семејна средина во Скопје се одржa конференција на тема „За секое дете, семејство“.

На конференцијата се говорeше за превентивните активности и поддршката на биолошките семејства и развивањето нови форми на згрижување и заложбата на Владата до 2020 година да се стави крај на сместувањето на деца без родители под тригодишна возраст во големи институции.