Околу 200 ученици од Аеродром се вклучија во Европската недела на спортот

Околу 200 ученици од осумте основни училишта од Општина Аеродром се вклучија во одбележувањето на Европската недела на спортот, која почна денеска, со цел да се мотивираат граѓаните кон здрав начин на живот преку правилна исхрана, спорт и физички активности.

Проектот насловен како „Европска недела на спорт“, кој стартуваше во 2015 година, оваа година со мотото „Биди активен!“, го прифатија младите од Аеродром преку одбојка и велосипедизам, прифаќајќи да бидат дел од напорите за подигнување на свеста за позитивните ефекти од спортот и физичката активност.