Околу 200 граѓани сe здобиле со повреди од пад на снегот и мразот

Околу 200 граѓани само во Скопје со повреди здобиени од пад на снегот и мразот побарале лекарска помош во Ургентните центри изминатите пет дена. Скршеници и набиеници на рацете, нозете или колковите имале и стари и млади лица.

Најмногу пациенти биле примени во Клиниката за хируршки болести, но зголемен број на вакви интервенции бележат и во ГОБ 8 септември и на хируршките клиники. Повеќето по ставениот гипс се пуштени дома, но 20 -тина лица морале да бидат оперирани и задржани се на лекување во болница.

-Клиника за хируршки болести св. Наум Охридски – (Стара градска болница)

92 – пациенти

5 – се задржани на лекување

-ГОБ 8 септември

80 –пациенти

11 – се оперирани

-Ургентен Центар во Клиничкиот Центар

20 –пациенти

5 - се задржани на лекување

Овој период зголемен број на интервенции за скршеници имаат и екипите во Скопската Брза помош.

-Да не излегуваат рано наутро и да се движат внимателно за да би се избегнале скршеници, изјави д-р Ѓеорѓи Карамановски, шеф на смена во Брза Помош Скопје.

Поради поларниот бран кој ја зафати земјава со препораки до населението за полесно надминување на студот вчера доцна попладнето излегоа и здравствените власти.

- Препораките на министерството за здравство за заштита на населението од студеното време важеа само за денеска. Истите не се законска обврска ниту се задолжителни, па ретко некоја фирма и институција ги почитуваше и ги ослободи од работа бремените жени и лицата над 60 години.