Околу 1.000 денари чини дневниот билет за скијање на Попова Шапка, за викенд е поскапо

Скијачката сезона на Попова Шапка официјално започна од вчера.

Љубителите на скијањето имаат можност за набавка на дневни, полудневни и сезонски билети за користење на ски-лифтовите и жичарниците.

 Ски-лифтовите и жичарниците ќе работат од 8:45 до 15:30 часот, додека работно време на билетарниците е од 8:00 до 16:15 часот.