ОЈО: Во престрелката во Чаир учестувале повеќе лица, подигнати се чаури, обезбедени се снимки од видео надзор

Основното јавно обвинителство по вчерашната престрелка што се случи во скопската населба Чаир известува дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице и се работи на целосно испистување на настанот.

„Според првичните сознанија, во престрелката учествувале повеќе лица, а од местото на настанот се подигнати траги и чаури кои ќе бидат предмет на вештачење. Обезбедени се и снимки од видео надзор кои се прегледуваат. Исто така, издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а се работи на целосно испитување на настанот и утврдување на причините“, се вели во соопштението на обвинителството.