Охриѓанка уапсена откако ја нападнала 72-годишната свекрва

Охриѓанка е уапсена откако ја нападнала свекрвата во семјниот дом. 

- На 14.08.2026 година во 09:40 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода ја лишиле Т.Д.(34) од охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 72 годишна свекрва, соопштија од полицијата во дневниот билтен. 

По целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.