„Охриѓани“ во свој стил: Убав престој, ама кој претерува со навреди за Охрид ќе биде блокиран

Во фејсбук групата „Охриѓани“, во пресрет на викендот во кој Охрид традиционално е полн со туристи, „осамна“ забавна објава за сите посетители. Во нивниот препознатлив стил, на охридски дијалект, повторно ги прозваа скопјани, но упатија и предупредување! 

Ова е нивната саркастична порака! 

Се ближит викендот на Илинден, традиционално во Охрид викенд со најголема гужва.

- Ова година со Рита Ора, Наташа, Саша и Ацо.

- Ние уште предвреме да ви кажиме дека ќе објавјаме слики од офтики по плажи, снимки од колони, гужви, нервози, Скопјани погрешно паркирани итн..

- Кој се љутит и го креват носот до небо, уште сега нека си ја напуштит страницава..

- Толерираме голем број навреди према Охрид и Охриѓани, но од денес ќе бидат блокирани оние кој претервет. Групава е за забава, за Охриѓани и убавините на Охрид, секој имат право да пишит шо сакат, ама напади и навреди врз Охриѓани немат да бидет појќе дозволени!

- Ви посакуваме убав престој во Охрид, полека со сркањето во езерото и со помалце нервози.