Охриѓани физички се пресметувале во маркет

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 19.10 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на маркет во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(31) од Охрид, од една страна, и Ф.Д.(39), И.Д.(64) и С.Д.(58), сите од Охрид, од друга страна. 

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.