Охриѓанец фатен со марихуана во Скопје

На 22-ри септември 2019 година, во 14:20 часот полициски службеници од СВР Скопје на булеварот „АСНОМ“ го привеле 24-годишниот П.П. од Охрид, кај кого, при извршен преглед била пронајдена марихуана.

– По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР.