Охрид полн со туристи за продолжениот викенд

Главниот туристички центар за празничниот  септемвриски викенд исполнет со гости.Најбројни се странците од Холандија, Полска, Израел,Данска и Турција но не изостануваат ни домашните.

Продолжената сезона и убавото  време го раздвижи градот, посетителите уживаат покрај брегот на езерото и чаршијата.

Балканските тури кои се нудат на светскиот туристички пазар и оваа година се актуелни за туристите.

Туристичките работници сметаат дека бројните светски промоции на градот и  воведувањето на новите авио линии на аеродромот Свети Апсотол Павле значително го зголемија бројот на туристите долж охридското крајбрежје.