Охрид и Струга преполни, туристите зад себе оставаат многу ѓубре

Додека сите се во подготовки за празнување на Илинденските празници, крајбрежјето на Охридското езеро и годинава е преполно со туристи. Покрај, домашните, по две години пауза, во Охрид и Струга има и странски туристи.

По кризата која настана во угостителската индустрија хотелските објекти ова лето се преполни со посетители, заедно со приватните сместувачки капацитети, автокамповите, па дури и оние што се подолго време напуштени, како што е автокампот „Треска“ во Радожда.

Како и претходните години, Охрид останува да биде срцето на културните настани. Покрај фестивалот „Охридско лето“, деновиве има бројни музички фестивали и ноќни забави.

Како негативна страна на големата гужва во Охрид и Струга, поситетелите имаат проблем да најдат паркинг место. Но, исто така може да се забележи и многу ѓубре кое е оставено после секоја собиранка на кејот на Охридско Езеро.