Охрид е исполнет до последно место - чаршијата, крајбрежните локали, рестораните и хотелите се полни со туристи

Охрид е исполнет до последно место. Чаршијата, крајбрежните локали, рестораните и хотелите се полни со туристи. За разлика од Велигден во туристичкиот центар сега има гости  не само од соседството туку и од Романија, Полска, Словенија, Холандија.

Првомајските празнувања посетителите ќе ги поминат или со крстарење по езерото, или со пикник на некоја од плажите, објави 24 Вести.

Угостителите се презадоволни од заинтересираноста за прослава на 1ви мај во Охрид. Целосно букирани се хотелите и приватните вили, но и кафулињата кои нудат богата празнична агенда.

 Се повеќе посетени се и културните знаменитости. Туристите организирани во групи го посетуваат Канео, Плаошник, Заливот на коските, Свети Наум и останатите бројни цркви и манастири. Турстичките работници велат ова е одличен знак дека претстои успешна летна сезона.