Охрид блокиран за влез и излез: Сообраќајка го затвори патот во двата правци

Сообраќајна незгода која се случила на влезот во Охрид во близина на Аеродромот Св. Апостол Павле, го блокира сообраќајот за влез и излез во градот, информираат од АМСМ.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат фотографии од колони возила кои достигнуваат и до неколку километри.

Прекинот на сообраќајот е во двата правци и важи за сите возила.