Огромни гужви на „Табановце“ и „Богородица“, стотици автомобили чекаат за влез и излез од Македонија

Огромни гужви на „Табановце“ и „Богородица“ покажуваат камерите поставени на овие два гранични премини. Километарски колони на возила чекаат за влез и за излез од Македонија.

Од АМСМ велат интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Карактеристично за летниот период, на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.