Огромна заплена на полицијата! Пресечен транспорт на 200 килограми марихуана кај Свети Николе

Кај Свети Николе синоќа бил пресечен транспорт на околу 200 килограми марихуана, објави порталот МКД.мк.

Во голема полициска акција, во која учествувале екипи на БЈБ – МВР составени од припадници на Организиран криминал и САЕ Тигар, биле запрени три возила, од кои едно возило било со швајцарски ознаки, а две со македонски регистарски таблици.

Како што дознава порталот, швајцарското возило во кое била марихуаната, било качено на македонско шлеп возило кое имало и претходница чистач на патот.

Исто така, според нивните сознанија, станувало збор за организирана криминална група која делувала на територијата на Македонија и соседните земји.