Оградата кај ГТЦ не е за барок, туку за реконструкција на Жена парк

Градот Скопје, по реакцијата на одредени медиуми во однос на поставувањето  огради (тараби) околу паркот „Жена Борец“, ја информира јавноста дека истото е извршено поради обезбедување на просторот за вршење на градежни работи за реконструкција на паркот „Жена Борец“.

Во наредниот период ќе се изврши реконструкција на пешачките патеки во паркот, ќе се постави ново осветлување, ќе се реконструира зеленилото, а на крај ќе биде поставена и нова урбана опрема.

Градежните работи на терен ги извршува фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци.