Ограбени обложувалници, две од нив на иста улица, за краток временски период

Во Скопје евидентирани неколку грабежи на обложувалница. Притоа, две од нив се случиле на иста улица, во краток временски период, но нема точна информација дали е истиот извршувач на делото.

Притоа, се случиле следниве настани:

На 29.12.2021 во 22.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ едно лице со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.12.2021 во 19.30 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 18.00 часот во обложувалница во селото била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Д.(54). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.12.2021 во 22.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ едно лице со закана кон вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.