Ограбени обложувалница и бензинска пумпа во Скопје

Ограбени обложувалница во Скопје и бензинска пумпа помеѓу Ченто и Арачиново.

Спортската обложувалница била ограбена во петокот вечерта околу 22 часот на улица „Тале Христов“ во Скопје. Непознат маскиран и вооружен сторител украл околу 200.000 денари, а од еден од присутните гости одзел мобилен телефон, по што побегнал од местото на настанот.

Грабежот на бензинската пумпа се случил ноќеска во 2.20 часот кога непознат маскиран и вооружен сторител извршил разбојништво врз една вработена. Сторителот, со закана со пиштол, од касата и од службената торбичка на вработената одзел засега неутврдена сума на пари по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на кражбите.