Ограбена спортска обложувалница во Волково

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 22.50 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во спортска обложувалница во с.Волково, скопско, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.