Ограбена спортска обложувалница во Карпош

Вчера била ограбена спортска обложувалница на подрачје на Карпош.

- На 15.01.2023 во 16.30 часот во Полициска станица Карпош било пријавено дека во 16.10 часот во спортска обложувалница на подрачје на Карпош, две лица со закана од вработените одзеле пари, информира МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.