Ограбена спомен куќата „Мајка Тереза“

Во текот на вчерашниот ден полицијата ги уапсила А.М.(22), Д.Ќ.(44) и еден малолетник, сите од Скопје, по грабеж на музејот „Мајка Тереза“.

Разбојниците во 11.25 часот во Спомен куќата на улица „Македонија” одзеле пари од касата, откако со нож и се заканиле на вработената.

„Тројцата се приведени во полициска станица, кај нив се пронајдени одземените пари и вратени кај оштетената. За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР.