Ограбена скопска аптека, одземен дневниот промет

На 19.04.2022 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Мирче Ацев“ едно лице со закана кон вработените одзело пари од дневниот промет.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.