Ограбена Шпаркасе банка во Скопје

Претпладнево беше ограбена филијала на Шпаркасе банка на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, дознава ТВ21.

Според неофицијални извори, до кои дојде телевизијата, две наоружени лица влегле во банката, ја ограбиле банката за неколку минути и заминале во непознат правец.

Полицијата го евакуирала персоналот а засега нема повредени лица и не се знае колкава сума на пари е украдена.