Ограбена продавница во Бутел, одземени 100.000 денари

Разбојник со закана со нож вчера во Бутел од продавница за мобилни одзел над 1.500 евра.

Како што соопшти МВР околу 21 часот во ЕИК-Скопје, било пријавено дека во салон на ВИП-Хенди лоциран во ТЦ „Живко Брајковски“ во населбата Бутел, непознато маскирано лице со закана со нож од вработената одзел околу 100.000 денари од дневниот промет, по што го напуштил местото на настанот.

Од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот како и целосно расчистување на кривичното дело.