Ограбена обложувалница во Ѓорче, крадците однеле два сефа

Во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле кражба во обложувалница на ул. „Ѓорче Петров“.

Според пријавеното, сторителите со употреба на сила и подесен алат влегле во обложувалницата и одзеле два сефа.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.