Ограбена црква во Аеродром

Вчера во 07.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека еден ден претходно во периодот од 15 часот до 07 часот на 21.01.2025 година била употребена сила за влез во црква во Аеродром во Скопје при што биле одземени пари.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.