Ограбена аптека во трговскиот центар Буњаковец

Аптека во трговскиот центар Буњаковец е ограбена од страна на непознат сторител кој со закана со нож одзел околу 1.500 денари, апчиња и службен мобилен телефон.

Кражбата е пријавена вчера во 22:28 часот во Единицата за известување и команда Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.