Ограбена аптека во Скопје

Во 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден во 20.20 часот во аптека на улица „Метрополит Теодосиј Гологанов“ непознат сторител извршил разбојништво и од вработената одзел 14.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.