Ограбена амбулантата во скопско Црниче: Искрешни врати, превретен инветар, украдени инјекции

Искрешни врати, превретен инветар, украдени инјекции, шприцеви игли, рецепти и печати од докторите, клучеви од шкафови– вакво добро утро имале докторките и медицинските сестри во амбулантата Црниче во скопска Кисела Вода, објави Канал 5.

Докторка Мира Атанасова вели дека имаат голема штета.

Овој објект е честа мета на кражби, ординациите на приземјото сите до една се демолирани, а на првиот кат се спасиле, бидејќи од по многуте кражби ставиле железна врата.

Во оваа зграда докторите работат под концесија и бараат да бидат заштитени, бидејќи штетите од кражбите се многу високи.

air max 90 essential sale