
На фејсбук групата „Карпош“, каде што се објавуваат секојдневни случувања од општината, еден граѓанин се пожали дека бил ограбен вторпат за три месеци.
- До сите соседи во Тафталиџе 1. Вторпат за три месеци ми влегуваат дома. Додека сопругата не била дома, го скршиле прозорецот од старата соба на ќерка ми, влегле и ми го повредиле кучето, по што ги украле сите нејзини вредни работи. Цела библиотека од ретки наслови, музичка опрема, облека, накит и сè што им дошло до рака, пишува ограбениот жител.
Жителот на Тафталиџе го пријавил случајот во полиција.