Ограбен српскиот пејач Владо Георгиев среде Скопје, крадците му ги украле и подароците за децата

Српскиот пејач Владо Георгиев бил ограбен во Скопје. Тој оваа вест ја соопшти на социјалната мрежа „Икс“ каде напиша дека украдени му се дури и подароците за децата.

Пејачот објави дека му бил искршен автомобилот паркиран во гаражата.

„Им посакувам сè ‘најубаво’ на крадците кои ми упаднаа во автомобилот, кој го паркирав во трговскиот центар „Дајмонд“ во Скопје, и ми украдоа еден куп работи од задното седиште, па дури и подароците за децата и пријателите“, напиша иронично пејачот на мрежата Икс.