Триесет и шест годишниот А.Б. од скопско Јурумлери бил ограбен пред два дена од страна на две непознати лица.

Како што информираат од полицијата, на 10-ти месецов во 23.30 часот, додека се движел по ул. „Благоја Стефковски“, две непознати лица извршиле разбојништво над него.

-Сторителите со закана со нож и физичка сила му одзеле чанта во која имало  мобилен телефон, две картички од банка и 92.000 денари, по што побегнале во непознат правец, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.