Ограбен сефот на приватна болница во Скопје

Околу 300.000 денари се украдени од сефот на приватната болница „Ремедика“ во Скопје.

Од полицијата информираат дека настанот е пријавен денес во 9:10 часот.

Кражбата е извршена од засега непознато лице.

Полициски екипи вршат увид на местото на грабежот.