Ограбен поштар во Скопје

Маскиран разбојник нападнал и ограбил поштар во Скопје. Инцидентот се случил вчера околу 10 часот на улица Македонско-косовска Бригада.

„Непознат маскиран сторител извршил разбојништво над А.Ф. (47) од Скопје, вработен како поштар во АД ‘Македонски пошти’. Сторителот со закана со пиштол од А.Ф. одзел чанта во која имало од 15.000-20.000 денари, по што избегал“, соопшти МВР.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.