Ограбен поштар во Глумово

Двајца разбојници ограбиле поштар во скопското село Глумово, инцормираше МВР.

Според полицијата, разбојништвото се случило денеска околу 9.30 часот пред ресторан во селото. Тогаш две непознати маскирани лица дошле со автомобил „Голф 4“ со непознати регистарски ознаки. Тие извадиле пиштол и му се заканиле на поштарот Е.И.(53) од село Копаница.

Разбојницие му ја зеле торбата во која имало околу 400.000 денари по што избегале. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на разбојниците и расчистување на случајот.