Ограбен па запален стан во Кисела Вода - МВР со детали за настанот

Вистинска драма се одвивала вчера во 22.00 часот во Кисела Вода, а МВР излезе со детали.

Во СВР Скопје од Бригадата за противпожара заштита било пријавено дека има пожар во стан на улица „Христо Татарчев“ во Скопје, сопственост на 69-годишниот Ј.Г. од Скопје, со живеалиште на друга адреса. Од пожарот бил опожарен дел од дневната соба, а повредени лица нема.

 Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид ќе се врши во текот на денот. Во станот, според пријавеното, претходно било насилно влезено од непознато лице, односно било извршено претурање, но до сега не е пријавено дека нешто е одземено.