Ограбен 68-годишен скопјанец

68 годишен скопјанец во текот на вчерашниот ден пријавил дека бил ограбен од страна на две лица.

Како што соопштија од полицијата разбојништвото се случило на улицата „Рељо шесто крило“, а двете лица извршиле разбојништво над 68-годишниот М.Ф. од Скопје и притоа му одзеле пари и мобилен телефон.

Од полицијата посочија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.