Ограбен 62-годишен скопјанец

Вчера, во општина Аеродром извршена беше кражба во домот на повозрасен скопјанец. 

Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, крадецот ја отворил вратата со помош на алат и истиот бил затекнат за време на кражбата. 

„На 19.07.2022 во 13.02 часот во СВР Скопје, Н.К.(62) од Скопје пријавил дека во неговиот стан на подрачјето на Аеродром, чија врата била отворена со подесен алат, затекнал едно лице кое физички го нападнало и побегнало, при што му испаднале повеќе парчиња накит и други лични предмети кои ги одзел од станот“, известуваат од МВР.

Во моментов нема дополнителни информации за случајот, а се преземаат мерки за расчистување на истиот.